(ВИДЕО) Меси ѝ донесе победа на Барса со јубилеен 500-ти гол, заедно со хрватот Иван Ракитич го потопија Реал Мадрид

0
129

Лионел Меси со два погодоци го реши Ел Класико, а победничкиот гол против Реал за конечни 3:2 во втората минута од судиското продолжение му беше 500 гол во дресот на каталонскиот клуб.

Меси во дресот на Барселона има настапено 577 пати, а вториот погодок на мечот против Реал му беше 500. за тимот и 23. во Ел Класико.

Во останатите средби како Суперкупот на Европа, светските клупски првенства и шпанскиот Суперкуп има дадено 20 гола на 24 одиграни натпревари.

СПОДЕЛИ