(ВИДЕО) Манчевски: Ќе имаше за повеќе граѓани субвенции на пелети, да не трошеа за милионски тркала

0
264

Изјава за медиуми на Дамјан Манчевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалициските партнери

Единствено стратешко решение за проблемот со загадениот воздух во Скопје е гасификација на градот.

Веднаш по промената на власта, на 11 декември, ќе започнеме да работиме на гасификацијата на цело Скопје. Граѓаните на Скопје ќе добијат поефтино греење и ќе имаат шанса да се намали загадувањето на воздухот. Дополнително со мерки за субвенционирање на фотоволтаични системи, со јавен превоз на електричен погон, и со подземна сообраќајница, значително ќе влијаеме за намалување на загаденоста на воздухот.

На денешната седница ќе ја гласаме ЗА,  субвенциите наменети за купување на печки за пелети.

Но, тоа не е доволно, тоа е симболична мерка, затоа што само во градот Скопје околу 100.000 семејства не се приклучени на системот за централното греење. Со ова мерката само околу 200 семејства ќе можат да ги искористат поволностите и да добијат субвенција за печки за пелети.

Доколку Коце Трајановски искрено сакаше да им помогне на скопјани, ќе одделеше поголема сума на пари за субвенции на пелети, тоа можеше да го направи од ставките за панорамски тркала, за фасади, за барокни споменици, и за фонтани, но тој ниту сака, ниту може да им помогне на скопјани, и затоа треба веднаш да си оди, со што најмногу ќе придонесе за намалување на загаденоста во градот.