(ВИДЕО) Манчевски: Субвенција од 20 отсто за енергетска изолација на објекти за секој граѓанин

0
137

Прес конференција
Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ
Скопје, 08.10.2016316

Со Планот за Македонија СДСМ директно ќе ги враќа парите назад кон граѓаните, со што ќе влијаеме на подобрување на нивниот животен стандард. Ќе се заложиме за зголемена енергетска ефикасност на станбените објекти.

Новата влада ќе го субвенционира секој граѓанин којшто ќе реши енергетски да го изолира својот станбен објект. Директно ќе обезбедиме финансиска поддршка за граѓаните во висина од 20 проценти од вредноста на инвестицијата за енергетска изолација. Ова е дел од итните реформски приоритети на новата влада, за првите 180 дена.

Придобивките од субвенциите за енергетска изолација се повеќекратни:

70 проценти заштеда на енергија во објектите или три пати помала сметка за струја, доколку се греете на струја! Со тоа ќе се намали и увозот на електрична енергија.

Ќе се зголеми обемот на работа за фирмите што произведуваат изолациски материјали и на оние што вршат монтажа на истите. Тоа директно ќе поттикне отворање на нови работни места, со повисоки плати.

Ќе се влијае и на намалување на загаденоста на воздухот.

Власта на обвинетиот Груевски, парите на граѓаните ги трошеше на криминални проекти за барокни фасади, како што е оваа тука, коишто од задната страна воопшто не ги изолираше. Од задната страна фасадите на зградите беа оставени да се распаѓаат.

По декември доаѓа одговорна власт којашто нема да ги фрла парите на граѓаните на раскош и луксуз, туку ќе ги следи нивните реални потреби.