(ВИДЕО) Манчевски: Ниту уцените, заплашувањата и поткупите не можат да го спасат Груевски од пораз на 11 декември

0
237

Изјава за медиуми
Дамјан Манчевски, шеф на избирниот штаб и потпретседател на СДСМ
Скопје 03.12.2016
Во страв од извесниот пораз, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да врши притисоци и уцени врз гласачите

Веќе се евидентирани и документирани обиди за поткуп и уцена во замена за глас за ВМРО-ДПМНЕ

Ваквото однесување освен што е незаконско, истовремено е и непочитување и понижување на сопствените граѓани

Но, ова не им поминува, гласачите се охрабрија и секојдневно пријавуваат различни видови за обиди за притисоци, поткуп и уцени

Ниту уцените, заплашувањата и поткупите не можат да го спасат Груевски од пораз на 11 декември

Почитувани, граѓани

Пријавете ги сите обиди да ви влијаат на слободата на избор. Не се плашете, вашето право на избор и вашиот глас ќе биде заштитен.

На изборниот ден зад параванот секој од нас е сам со својот избор и никој не може да знае за кој сте гласале, освен ако самите не си го кажите тоа затоа ајде да ги казниме оние кои на било каков начин се обидуваат да го украдат или купат нашиот глас. Предвидената казна е 5 години затвор.

Со вистинскиот избор на 11 декември ќе си ја вратиме слободата, правдата и државата во нашите раце

Очајните обиди на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не поминуваат. Изборите на 11 декември ќе го одразат вистинското расположение на гласачите.