(ВИДЕО) Манчевски: Кривични за ДИК доколку не се објави Избирачкиот список јавно

0
56

Изјава за медиуми на Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ:

Согласно член 31, став 2, алинеја 28-г, од Изборниот законик:

„Државната изборна комисија го објавува избирачкиот список на својата веб страна со следниве податоци: име, презиме и адреса на избирачите.“

Во случај, ДИК да не постапи согласно законот, СДСМ ќе поднесе соодветни кривични пријави против ДИК.

Тоа е гледано од законски аспект. Од политички аспект, ако мнозинството во ДИК, предводено од ДПМНЕ, нема што да крие во избирачкиот список.

Ако избирачкиот список е навистина како што тврдат прочистен, ќе го објават списокот онака како што е наведено во законот, и ќе дозволат граѓаните самите да се уверат во регуларноста на списокот.

Вистината порано или подоцна ќе излезе на виделина.

Одговори на новинарски прашања,

Медиуми: Гледаме последниве неколку седмици членовите на СДСМ во ДИК не учествуваат во седниците, кои ќе биде вашиот чекор понатаму со членовите на ДИК. Дали ќе ги повлечете, ќе останат, или како ќе постапувате ?

Манчевски: Тие и сега, и понатаму нема повеќе да учествуваат во работата на Државната изборна комисија, се додека ДИК работи спротивно на законите. Државната изборна комисија, мнозинството во неа во моментов го крши изборниот законик, и ред на други закони во Македонија.

Медиуми: Дали ќе го поддржите договорот, или ставот на ДУИ дека треба да има нов договор, освен тој од Пржино ?

Манчевски: Сметаме дека, воопшто да стане збор за било каков вид на преговори и договори, потребно е да се случат одредени предуслови, коишто веќе ги кажавме. Прво да се укине одлуката на Иванов за аболиција. Второ повторно да се состане Собранието на Република Македонија со цел да ги одложи, нерегуларните избори на 5 јуни.

Медиуми: Имате контакти со ДУИ, бидејќи така беше најавено дека се во контакт, и дека треба да контактираат со партиите за нова лидерска средба ?

Манчевски: Со претставници на ДУИ. Со претставници на Меѓународната заедница, со претставници на други политички партии имаме цело време контакти. Меѓутоа, не станува збор за никакви иницијативи или преговори во оваа смисла.

Медиуми: Очекувате ли дека со ДУИ на помош ќе можеме да излеземе од оваа криза бидејќи до пред извесно време ги обвинувавте дека главните функционери на ДУИ се едни од криминалците коишто го подржуваат Груевски?

Манчевски: За било каков преговарачки процес и договор реков, мора да има исполнување на два предуслова. Исполнувањето на тие два предуслова ќе значи кој и колку е искрен во иницијативите за постигнување на договор

Медиуми: Дали треба да се соработува со ДУИ за да се излезе од кризата кога веќе беа обвинети како што кажавте порано . Дали треба да се продолжи со работа?

Манчевски: Апсолутно за излегување од кризата во којашто се наоѓа Македонија мора да одговараат сите оние коишто ги прекршиле законите , без разлика од која партија и истите тие индивидуи од било која политичка партија не можат да бидат дел од решението за кризата во Македонија.