(ВИДЕО) Манчевски и волонтери од СДСМ на помош во погодените подрачја

0
131

Денеска продолжуваат активностите на СДСМ за помош на граѓаните од погодените подрачја на коишто им е најпотребна, известуваат од партијата.

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, заедно со волонтери и активисти на СДСМ, со поддршка на специјализирани возила и денеска се со жителите на скопските населби погодени од невремето.

Се расчистуваат домовите и дворовите на жителите, се испумпува насoбрана вода каде што се уште има, се дели вода за пиење, конзевирана храна и средства за лична хигиена, известуваат од СДСМ.