(ВИДЕО) ЛОКВЕНЕЦ РАСПАЛИ ЖЕСТОКО ПО МИЦКО : Мицкоски е лажен патриот, дома зборува дека е против Договорот со Бугарија, а вчера пред Борисов кажа дека го поддржува

0
233

Прес конференција, Хари Ловенец, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Јавноста вчера го виде лажното лице на Христиjан Мицкоски, неговото лицемерие и лажен патриотизам.

Едно зборува пред граѓаните друго зборува надвор од државата.

На средбата со премиерот на соседна Бугарија, Бојко Борисов, Мицкоски рече дека го поддржува Договорот за добрососедство и пријателство.

Две години Мицкоски зборува дека е против Договорот со Бугарија, за вчера за само две минути да каже дека го поддржува Договорот.

Кога лаже Мицкоски?

Кога на прес конференции од белиот дворец и на средби со граѓани низ државата велеше дека Договорот е штетен и капитулантски?

Или вчера излажа Мицкоски, во Загреб кога кажа дека тој и ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат Договорот за добрососедство и тоа на бугарски јазик.

Кому сега ќе му се извини Мицкоски за неговите лажги со опашки?

На граѓаните или на бугарскиот премиер Борисов?

Oвој скандалозен однос на Мицкоски е нечесен кон граѓаните, нечесен кон државата и нејзините национални интереси!

Почитувани граѓани,

Се потврди, Мицкоски нема став. Едно зборува пред домашната јавност, а сосема друго пред странските политички претставници.

Тоа е истата матрица на Никола Груевски.

Мицкоски не може да понуди ништо освен лажен патриотизам, лицемерие и одбрана на криминалот.

Затоа граѓаните ќе го казнат таквиот нечесен однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните не сакаат лицемерни и политичари кои немаат став, кои едно зборуваат дома, друго надвор.

На 12 април доаѓа поразот на лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски.