(Видео) Локвенец до Јанакиески: Цел Прилеп ти бара оставка

0
56

lokvenecMile-2-640x320

Хари Локвенец, пратеник до редовите на СДСМ на денешната прес-конференција рече дека министерот Миле Јанакиески го изгубил политички, но и човечки легитимитет и образ да се појави пред неговите поранешни сограѓани и познаници.

„Вистината за Македонија го покажа вистинското лице на братучедите Груевски и Мијалков, целата нивнабескрупулозност и бруталност.

Слушнавме како одмазнички рушат, се смејат при злоупотребата на власта и како се изживуваат врз луѓе, судбини и семејства. Како се пресметуваат со политичките неистомисленици и со критичките медиуми, како поставуваатнивнисудии и како местат и крадат избори“, рече на денешната прес-конференција Хари Локвенец.

„Меѓутоа, она што посебно ги шокираше прилепчани е гневот и омразата на Министерот Миле Јанакиески упатени кон својот роден град, кон своите сограѓани.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=VpF8IfHFk8Q[/youtube]

Во 21 век, во Македонија доживеавме да слушнеме како прилепчанец вели: „направив упад во Прилеп“! И тоа го кажува со невидена гордост!

Па постои ли граѓанин на градот херој кој може да остане рамнодушен на ваквата дрскост и безобразност“, вели Локвенец.

„Миле, Ти ли си нарачателот за „пиштење и вриштење“ на прилепските дуќанџии!?

Ти ли стоиш позади наредбата да се сотри со арач прилепскиот еснаф, која инспекторите во неколку наврати немилосрдно ја спроведоа.

Од каде толкава горчина и порив за штета врз сопствените сограѓани?

Колку земјоделци беа уценети и купени со земјоделски субвенции?

Колку луѓе Миле Јанакиески присили да гласаат со триаголниче под закана за „летање од работа“?

Ја пренесе ли Миле Јанакиески пораката од Мартин Протуѓер дека првиот човек на ФФМ, со жената и децата заедно ќе завршат во ендек?

Вака ли ја обезбедивте победата на избори за Марјан Ристески“, прашува Локвенец.

„Од вистината бегање нема! Со својот упад во Прилеп, Миле Јанакиескиго изгуби политичкиот, но и човечкиот легитимитет и образ да се појави пред неговите поранешни сограѓани, другари и познаници.

Миле, Не СДСМ, туку прилепчани и цел слободарски Прилеп ја бараат твојата оставка!  Веднаш“, изјави Хари Локвенец.

СПОДЕЛИ