(ВИДЕО) Локвенец: Груевски е непожелна личност во Прилеп

0
312

Кога веќе зборува за патишта, Никола Груевски редно беше да се изјасни за скандалот со корупција и провизија од 25 милиони евра за изградба на автопатите, споменати во аудио снимките и доказите кои СДСМ ги изнесе во јавноста, повика денеска пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец

Хари-Локвенец-540x413

– Со 25 милиони евра може да се отворат илјадници работни места за младите во Прилеп и да се реши најголемиот проблем во нашиот град – невработеноста. Во Прилеп, поконкретно во населбите Тризла 2, Рид и Варош, се уште има улици без канализација и асфалт и сето тоа може да реши со многу помалку од 25 милиони евра. После 9-годишно криминално владеење и сите афери во коишто е вплеткан, Никола Груевски, очигледно е непожелна личност, не само за граѓаните на Прилеп, туку и за партиското членство на ВМРО-ДПМНЕ – рече Локвенец.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=BMNgFgrQuUc[/youtube]