(ВИДЕО) Кузмановиќ: Во очи 11 октомври го чистиме споменикот кај “Песјобрдце”

0
107

Почитувани граѓани,

11ти октомври е еден од најважните празници во државотворната историја на Република Македонија. Празник кој е на исто рамниште со Илинден и со Денот на независноста.

За нас, граѓаните на Прилеп, е уште повеќе важен, затоа што 11ти октомври е длабоко втемелен во нашиот идентитет како револуционерни граѓани, во нашиот колективен дух, како борци за слобода и правда.

Ние ги зачувуваме тие вредности од заборавање.

Го чистиме спомен обележјето кај месноста „Песјобрдце“ и оддаваме почит на делото и жртвата на борците од народно ослободителната борба, заради кои гордо го носиме епитетот „Град херој“

Како и во минатото, така и сега, прилепчани се секогаш први во борбата за слобода. Но, таа борба, за жал, се’ уште трае.

Денес, тоа е борба за ослободување на општина Прилеп од рацете на Марјан Ристески, и локалните моќници кои во изминативе 12 години, уништија 12 генерации на млади луѓе.

Денес, тоа е борба за еднакви шанси за работа и живот на сите во Прилеп, а не само за повластени поединци.

Денес, тоа е борба за локален економски развој, за нови работни места, за достоинствена плата за сите.

Затоа, на 15 октомври таа битка мораме заеднички да ја добиеме. Сите генерации заедно!

Го заокружуваме бројот 19 за новиот градоначалник Илија Јованоски и за живот во Прилеп за сите.

СПОДЕЛИ