(ВИДЕО) : Крај за комодитетот, воведуваме контрола врз власта – дебата од проектот „Визијата за Македонија“

0
177

„Крај за комодитетот, воведуваме контрола врз власта“ беше темата на втората централна дебата којашто се реализираше денеска во Скопје, во рамки на проектот Визијата за Македонија на СДСМ.

VizijataZaMakedonija4-540x338

„На големиот државен празник 11 Октомври разговаравме дали можеме да го одблокираме закочениот континуитет на одржување и развивање на вековните стремежи за слободна и просперитетна Република Македонија. Разменувавме мислења за начините на ослободување на контролните механизми врз власта: како до надворешна контрола на МВР и УБК и полиција за граѓаните, а не за власта, како до професионални медиуми ослободени од стегите на власта, како да се заштитат човековите права и институциите на работат за интересите на граѓаните, а не за интересите на власта.

Денешната плодна расправа, на којашто имаше голем број граѓани, претставници на граѓански здруженија, од НВО секторот, покажа дека во јавноста постои буквално глад за дебата“, стои во соопштението од СДСМ.

Во продолжение погледнете видео од обраќањата на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, претседателката на Комисијата за правда, Рената Дескоска и претседателката на Комисијата за внатрешни работи, Фросина Ременски.