(ВИДЕО) Костадинов : Просечната плата во образованието поголема за 2100 денари за само 2.5 години, ВМРО-ДПМНЕ за седум години ја покачи само за 850 денари

0
116

Кога некој нема своја програма добро е да ги чита другите, можеби нешто и ќе научи.

Добро е што Христијан Мицкоски ја чита Програмата на СДСМ, Планот за живот, ама за жал ништо не научил како навистина се работи во интерес на граѓаните.

И што е најлошо-лаже!

За 11 години токму ВМРО-ДПМНЕ го руинираше образованието, го погазувше достоинството на наставниците и професорите, ги малтретираше учениците и нивните родители.

ВМРО-ДПМНЕ во образованието ќе остане запаметено по екстерното тестирање, носењето на заменски контра-наставници во време на најголемиот шрајк во образованието и секако по катастрофалните резултати на ПИСА тестирањата и образование кое со години беше рангирано како најлошо во Европа.

СДСМ инвестира во образованието, вложува во наставниот процес, го подобрува ученичкиот и студентскиот стандард, ги зголемува платите во образованието а правото на штрајк е загарнтирано.

11 години ВМРО-ДПМНЕ со прст не мрдна за да ги покачи платите во образованието, а денес Мицкоски со измислени формули и операции се обидува да лаже за реалниот раст на платите во образованието.

Со новото покачување на платите во образованието веќе од први јануари 2020 платите во образованието за само две и пол години СДСМ ги зголемува за цели 20 отсто.

Или математички прецизно да ги разбиеме лагите на Мицкоски: За две и пол години од мај 2017 до август 2019 просечната плата во образованието СДСМ ја зголеми за 2.100 денари. Претходно за цели седум години до 2010 до 2017 година просечната плата во образованието пораснала за едвај 850 денари.

Не 60, Мицкоски може да направи и анализа на 600 страници, резултат секогаш ќе биде ист: Платите во образованието и сите други сектори растат, а ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа.

Христијан Мицкоски денеска излажа и за Гаранцијата за млади дека воопшто не започнала да се реализира.

Доколку излезе од белиот дворец, Мицкоски ќе види дека оваа мерка се реализира веќе од минатата година.

Преку оваа мерка на СДСМ, во 2018 година, 1.935 млади луѓе се вработија, а дополнителни 4100 имаа доедукација, пракса  или зголемување на вештините.

Бидејќи нема план, нема програма, нема идеја, нема ниту предлог во интерес на граѓаните го охрабруваме Мицкоски да продолжи да ја чита програмата на СДСМ.