(ВИДЕО) Костадинов: Продолжува растот на платите и пензиите, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните

0
197

Растот на платите продолжува, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните. – рече денекса на прес конференција Костадин Костадинов, потпарол на СДСМ и пратеник.

Зголемени се платите за 5% за вработените во образованието, градинките, културата, одбраната, полицијата, јавниот сектор, а за 10% на лекарите специјалисти.

Со зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари која важи за сите стопански гранки, 90.000 работници, наши сограѓани добиваат повисоки плати.

Од месец април, со законското усогласување минималната плата е зголемена и сега изнесува 12.507 денари.

Она што е многу важно, започнат е процес за ново покачување на минималната плата на 13.000 денари и зголемување на социјалната помош од над 300%.

Со економските мерки и отворената спирала за раст на платите просечната плата во февруари оваа година изнесува 24.192 денари што е за 4.5 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година.

Зголемувањето на платите продолжува, очекувано е просечната плата до крајот на 2020 година да изнесува 500 евра или 30.000 денари.

Покрај платите растат и пензиите. Просечната пензија од 2017 година до денес пораснала за 826 денари. Растот на пензиите продолжува согласно законските усогласувања.

Зборот е збор, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Економските реформи и напредокот на државата во евроинтеграциите ја стабилизираа економијата и отвораат можности за засилен економски раст и развој.

Како одговорна партија остануваме посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат повисоки плати, подобро платени и повисок животен стандард за сите граѓани на Република Северна Македонија. – рече Костадинов.