(ВИДЕО) Костадинов : Правната држава функционира, ги поддржуваме истражните органи, истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите

0
155

Изјава за медиуми на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,

Правда мора да има!

Градењето на независен правосуден систем ги покажува вистинските резултати.

Правната држава функционира, неселективно за сите.

Никој не е над законите и секој ќе одговара за своите постапки.

Целосно ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој случај.

Како и досега, СДСМ ги охрабрува и ги повикува сите надлежни институции да продолжат со длабинска, независна истрага за случајот „Рекет“, да постапуваат согласно законите.

Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран.

Одговороност мора да понесат сите инволвирани, без разлика на политичка или на било каква друга припадност.

Обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока нема да успеат.

Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата.

Нема правда, нема мир!