(ВИДЕО) Костадинов : Заради скапите задолжувања на ВМРО-ДПМНЕ до 2021 треба да вратиме 2,3 милијарди евра, ние работиме домаќински

0
189

Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за задолжување, кога јавноста многу добро знае како ВМРО-ДПМНЕ се задолжуваше со огромни каматни стапки за барок, споменици, жални врби, истакна пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов во денешното обраќање на седницата на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на РСМ.

– Со огромните и нетранспарентни трошења за непродуктивни цели, ВМРО-ДПМНЕ всушност ги задолжуваше граѓаните и државата и се обиде да им ја земе иднината на граѓаните. Само до 2021 година, по основ на сите долгови, треба да се вратат 2,3 милијарди евра, затоа што вие сте задолжиле, порача Костадинов кон пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во своето обраќање, Костадинов се осврна и на реализацијата на странските директни инвестиции.

– Имаме рекордно ниво на странски директни инвестиции и без притоа да трошиме пари за реклами како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. Додека беше на власт, ВМРО-ДПМНЕ од џебовите на граѓаните, потроши 350 милиони евра и ги даваше во странски, но и во домашни медиуми за да привлечат странски инвестиции. Денес, привлекуваме странски инвеститори без да потрошиме денар од граѓаните и имаме рекордно ниво на странски директни инвестиции.

Костадинов посчи дека за разлика од игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон домашните инвеститори, денес помошта и поддршката за домашните фирми е сериозно зголемена, се вложува во стопанството и во раст на ппатите за работниците.

– Вреди да се поддржуваат нашите, македонски производи и ги поддржуваме, вреди да го субвенционираме растот на платите и тоа ќе правиме и натаму. Но ВМРО-ДПМНЕ не може да помине преку тоа, не може да се помири што расте минималната плата, не може да се помири со тоа што парите веќе не се насочуваат кон неколку луѓе во ВМРО-ДПМНЕ, заклучи Костадинов.