(ВИДЕО) Костадинов : Ајде Мицкоски, Милошовски, ако имате образ, повикајте ги вашите роднини да се повлечат, против непотизам

0
237

Прес конференција,
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Скопје, 24.02.2019

Почитувани,

Мицкоски втор ден молчи, нема образ ниту одговороност пред граѓаните.

Мицкоски не ги повикува роднините во ЕЛЕМ и во администрацијата да се повлечат од работните места кои ги добиле поради близината со него и со ВМРО-ДПМНЕ.

Молчат оние што ја преполнија администрацијата со партиски и роднински кадри. Ние бараме и наоѓаме решенија за партиска администрација по мерит систем.

Не се сите исти.

Тие создадоа роднински чворови – цели списоци, илјадници нивни роднини се вработија на државна сметка. Ние ги повикуваме нашите членови на етика и морал и веќе имаме повлекувања од работните места.

СДСМ е против партизација и против непотизам. Акцијата тргна, нема назад.

Ајде Мицкоски, повикај го твојот прв братучед да се повелече од ЕЛЕМ турс.

Повикај ги Мицкоски пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да побараат повлекувања од нивните роднини кои се пикнати по државни компании и во јавната администрација.

Повикај ги роднините на пратеникот Антонио Милошоски да се повлечат.

Снаата на пратеникот Антонио Милошоски, жена на неговиот брат, Александра Милошоска е вработена во Управата за јавни приходи.

Вујкото на Милошоски, Владимир Коруновски евработен во Агенцијата за катастар.

Братучедот на Милошоски пак, Станко Коруновски е вработен во Централен Регистар.

Првата брачудетка на Милошоски, Елизабета Коруновска директор на основно училиште, а зетот Марјан, е раководител во државната компанија МЕПСО.

Фамилијата на Милошоски е класичен пример за непотизам од сериозни размери. Роднински јазли поставени на работни позиции кои се финансираат од парите на граѓаните, од Буџетот на државата.

Ајде ВМРО-ДПМНЕ, ајде Мицкоски, имаш ли образ?

Повикај да се повлечат твоите роднини и роднините на Антонио Милошоски од морални и етички причини.

Ние од СДСМ слушаме јавноста и реагираме. Вие Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ се криете во белиот дворец откако натрупавте проблеми во државата.

Време е да почне повлекувањето на роднините, во име на борбата против непотизмот.