(ВИДЕО) Корлевски: Владимир Талевски и кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ги вработија своите најблиски

0
334

Портпаролот на СДСМ Битола, Борче Корлевски денеска обвини дека  кандидати на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ја искористиле власта за вработување на своите блиски

– Владимир Талески својата ќерка си ја вработи на ветеринарниот факултет во Битола, својот зет во А.Д МЕПСО а неговиот брат во ЈП „Комуналец”. Сите се вработени за време на неговиот градоначалнички мандат. Кандидатот за пратеник Зоран Илиоски, за време на владеењето на ДПМНЕ цела фамилија си ја згрижи под државна капа. Неговиот брат во ЈП „Водовод”, фирмата во која беше директор пред да стане пратеник, неговата сопруга во АЕК Битола, додека неговиот син во МВР – Битола и тоа без јавен оглас- посочи Корлевски.

Тој додаде дека и другите кандидати за пратеници од коалицијата на ВМРО- ДПМНЕ ја искористиле претходната власт за вработувањена свои блиски.

– Лилјана Кузмановска исто така кандидат за пратеник, нејзиниот син си го вработи во ЈП „Водовод” во времето на директорување на Зоран Илиоски, а нејзиниот брат во ЈП „Стрежево” додека  Олга Лозановска својата ќерка ја вработи како специјализант на Државната Болница во Скопје – рече Корлевски.