(ВИДЕО) КОМЕДИЈА: АФЕРАТА РЕКЕТ 2 СЕ РАСПАДНА УШТЕ НА СТАРТОТ, ГЕРО СЕ ИСТРЧА НО ДАВИДОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА РЕКЕТ!

0
574

Десет месеци откако во банка во Монако стојат замрзнати на сметка 11 и пол милиони евра, Вера Иванова, бизнисменката која го продаде Дијамед на шведска фирма сосе 20-годишна лиценца за дијализа, поднесе кривична пријава против министерот за здравство Венко Филипче и против директорот на Фондот за здравство Ден Дончев. Адвокатот на Иванова тврди дека ја оневозможувале продажбата на странски инвеститор со што предизвикале штета и на бизнисменката и на државата, пренесе Телма.

Докази за такво нешто се доставени и до скопското обвинителство. Давидовиќ вчера ја поднел пријавата, која веднаш беше претставена како случај „Рекет 2“ иако тој негира дека пријавил рекетирање, изнуда или барање мито.

Со начинот на своето однесување и со злоупотреба на службената положба изнесувале невистини пред странскиот инвеститор, кој сега ја купи фирмата, за да се откаже од купувањето на Дијамед, вели Давидовиќ.

Директорт Дончев и Венко Филипче велат дека документацијата за постапката се подготвува и ќе се презентира пред јавноста за да се види како е изведена работата. За продажбата и фирмата Дијамед е отворена истрага во обвинителство за организиран криминал лани во ноември кога и беа замрзнати парите на Иванова во Монако и во Македонија. Давидовиќ вели не знам до каде е постапката, а од обвинителството ни одговорија дека истрагата тече со нови осомничени, а парите стојат замрзнати во странската банка.

По прибраните вербални и материјални докази, истрагата е проширена и за други инволвирани лица. По предметот активно се постапува, се сослушуваат лица за кои јавниот обвинител оценил дека може да помогнат во расветлување на случајот и се очекува вештачењето по издадената наредба за економско-финансиско вештачење, посочуваат од обвинителството.

Фирмата Дијамед во повеќе новинарски истражувања беше поврзувана со Никола Груевски затоа што во неа при добивањето на лиценцата за дијализа беше инволвиран и кумот Ногачевски на екс премиерот. Давидовиќ тврди дека нема никава врска кумовската релација со сопственоста на Иванова и штетата предизвикана од Филипче и Дончев.

Ние зборуваме овде за право, за закони а никаде не чита во законот дека нечив кум или било чив е законска пречка или сомнителна трансакција, вели Давидовиќ

Парите во Монако на Иванова беа искористени и како причина за притвор за Мијалков во случајот Империја иако СЈО потоа се повлече од тврдењето.