(ВИДЕО) КЛАНИЦА ВО ТЕТОВО БЛИЗУ СЕДИШТЕТО НА ДУИ, ДВЕ ГРУПИ СЕ ПУКАЛЕ СО КАЛАШНИКОВИ КАКО ВО МАФИЈАШКИ ФИЛМ: Еден загинат и двајца повредени!

0
509

Едно лице загина, а двајца се повредени во вооружена пресметка на две групи вечерва во тетовска Мала Речица, објави „Порталб“ повикувајќи се на неофицијални информации.

Тие застанале на улица и пукале едни кон други од два различни автомобили.

Неофицијално, Либертас дознава дека се работи за пресметка меѓу припадници на ДУИ од Скопје и од Куманово која се случила по средба во седиштето на партијата во Мала Речица. Наводно, двете групи се пресметале со калашникови кај маркетот Спара во близина на партиското седиште.

Дополнето:

Артан Груби од ДУИ за весникот „Коха“ од Косово вели дека инцидентот се случил далеку од седиштето на партијата и дека наскоро ќе излезат со официјално соопштение.

Весникот на албански јазик Коха, повикувајќи се на неофицијални информации, објави дека убиениот е Наип Реџепи од Куманово.

Порталб објави и две видеа од местото на престрелката каде моментално има полиција: