(ВИДЕО) Кирацовски: Ќе ставам Вето на списокот за ДИК, ако не е точен

0
330

„Според член 32 од Изборниот законик, ДИК во рок од 3 дена од распишување на изборите до институциите надлежни за водење на евиденција на вработени, во случајот и МИОА, поднесува барање, за доставување на список со вработени во Јавниот Сектор, соодветно систематизирани, список кој министерството е должно во рок од 5 дена да го достави до ДИК.

Но во минатото оваа законска обврска, се извршувала по незаконски принципи. Ова се аргументите за малверзации во списоците со вработени во јавниот сектор, што ова министерство ги доставувало до ДИК во претходните два изборни циклуса“, рече Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.

„Потсетувам, од списоците доставени од МИОА, ДИК потоа избира членови во општинските изборни комисии и избирачките одбори, кои го спроведуваат гласањето и бројат гласови.

За изборите во 2013-та и 2014-та година, Министерството за информатичко општество и администрација доставило до ДИК списоци во кои што не се внесени повеќе илјади лица!

Кадрите на Груевски вчера самите се издадоа.

За различните бројки што излетуваат во изјавите на нивни функционери велат дека годинава во Регистарот се изоставени вработени во пионерски домови, работнички универзитети и ликвидирани јавни претпријатија.

Според изјавите на министерката Арсовска Томовска, годинава во Македонија има 88 институции помалку од лани, а не даде одговор кога и како истите згаснале.

Според неа бројката на вработени во јавниот сектор е намалена. Но според нејзиниот колега Ставрески, има нови вработувања по основ на трансформиран работен однос?!

Овој хаос ги засилува сомнежите и тврдењата што и ги соопштив вчера на јавноста, дека власта на Груевски, за претходните изборни циклуси селектирала кои вработени ќе ги достави до ДИК.

Овие малверзации што веројатно се само дел од `се друго што се правело со овие списоци, само го потврдуваат она што го бараме.

Регистарот мора да содржи податоци на вработените внесени во професионален софтвер, а не на обични ексел табели, какви што се најголем дел од доставените податоци.

Регистарот по закон мора да биде база на веродостојни податоци за бројката на вработени во јавниот сектор. Само од него може да произлезат точни списоци за ДИК.
Ако ова не се направи, на списокот со вработени што од ова министерство законски треба да се достави до ДИК, јас ќе ставам вето.

Фер и регуларни избори мора да има“, изјави Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.