(ВИДЕО) Кирацовски: Датумот за преговори со ЕУ е голем успех за Македонија, постигнат со чесна желба за подобра сегашност и иднина

0
268

Прес конференција,
Александар Кирацовски, Генерален секретар на СДСМ
Скопје, 27.06.2018

Почитувани граѓани,

Нека ни е честито на сите! Европската унија одлучи: Македонија започнува преговори за полноправно членство во 2019 година.
Ова е голем успех за Македонија, постигнат со силна желба за подобра сегашност и иднина на сите наши граѓани.

Македонија е препознаена како земја на позитивни промени, на динамичен процес на реформи и општествен дијалог. Држава која со силна, добронамерна политичка волја ги решава споровите со соседите и земја на граѓани кои имаат јасно изразена визија за европска иднина.

За само една година Македонија успеа да направи квантен скок. Од „заробена држава„ заедно успеавме да се вратиме на вистинскиот пат, на евро-атланскиот пат на иднината.
Спроведовме акција за обнова на демократските вредности, за владеење на правото и правдата, за независност на институциите, за подобрување на безбедноста и сигурноста на граѓаните и нивната економска стабилност. Се посветивме на транспретноста, одговороноста и отчетноста.
Се вложивме во обновата на односите со нашите пријатели во меѓународната заедница, во оживување на добри односи со соседите, ширејки пријателства, но и стабилност.

Нашиот заеднички успех е препозанен, признат и соодветно вреднуван. Тоа е резултат од спроведувањето на реформите и политичката волја за продолжување по тој пат.
Македонија тргна напред и враќање назад нема. Патот на реформи и процесот на градење на Македонија како држава по европски правила е неповратен процес.

Отварањето на преговорите за полноправно членство во ЕУ е дополнителен поттик на процесот на реформи.
Како партија предводник на промените остануваме уште попосветени, уште помотивирани на започнатиот реформски процес што е во интерес на граѓаните и државата.
Се обврзуваме да ја завршиме домашната задача за комплетирање на реформите во судството, во јавната администрација, во безносносните служби…да се почувствуваат ефектите од борбата против корупцијата и криминалот.

Пред нас ја имаме на дофат конечната цел: градење на модерна европска и демократска држава полноправна членка на ЕУ и НАТО.

Почитувани граѓани,

После децениски порази, еве сме пред голема победа!
Време е за нашата иднина.

Време е сите граѓани силно и слободно да кажат – Да за Европска Македонија! Силно и одлучно „Да“ за македонската, за нашата заедничка иднина.