ВИДЕО: Инспекцијата констатираше неправилности во зградата на ВМРО-ДПМНЕ

0
234

Иснпекцијата од општина Центар која влезе во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ констатираше дека е постапено по анекс за измени по градба кој не е правосилен, а надворешниот дел не е настрешница туку е балкон за кој нема одобрение, пренесе А1он.

Објектот очигледно, тоа можеме да го потврдат инспекторите со мене на кои не ни беше до крај дозволено да ги завршиме активности, не ни беше дозволено фотодокумнтација да направиме, е пуштен во употреба што беше и претходно кажано од наша страна и ќе видиме што мерки треба да се преземат, рече инспекторот Кочо Стојчески.

Допрва ќе видиме како ќе постапиме со спорниот дел-настрешницата од нивна страна, односно балконот од наша страна. По овој инспекциски надзор ќе бидат донесени соодветни управни акти кои ќе значат на инвеститорот да се најјде усогласување на градбата согласно одобрениот проект, рече тој.

Градоначалникот на Град Скопје се повикува дека тој е надлежен да ги издава тие одобренија, ние викаме дека е така, но само доколку има во програмата за урбаната опрема и доколку има одлука на Град Скопје. Тоа до сега не сме го сретнале, не е доставена таква одлука на Градот, а и во програмата за урбана опрема 2014-2018 го нема. Град Скопје ги ставил “Шпанаските скали“ во таа урбана опрема, ама го заборавил балконот на седиштето на сопствената партија, рече Стојчески.

Според него, ќе биде побарано од Град Скопје да ги достави ако има такви акти односно одлука на Совет и се друго за да може градоначаникот на Скопје да се повикува дека тој е надлежен да го издава тој акт, рече Стојчески.