(ВИДЕО): Илјадниците бегалци на македонско-грчката граница снимени од дрон

0
279

begalci

Телевизијата „Раша тудеј“ објави снимка од дрон направена на границата помеѓу Македонија и Грција на која се гледаат илјадниците бегалци кои се обидуваат да влезат во Македонија, за да можат преку неа да продолжат кон земјите на Европската унија, каде ќе бараат азил.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=wvT8epRM_-Q[/youtube]

Инаку, состојбата на границата со Грција е под контрола. Од македонска страна, како што информираат од полицијата се пропуштаат одреден број бегалци кои чекаат на границата согласно капацитетите на државата. Предност имаат поранливите категории. На дивиот граничен премин од грчката страна се уште има поголема група бегалци.

Претставници на УНХЦ информираат дека синоќа поради обилните врнежи македонската полиција на дивиот премин на македонско грчката граница пропуштила поголема група бегалци додека вчера во текот на денот пропуштани се ранливи групи на бегалци, односно повредени и бегалци со мали деца.

Воз со околу 300 бегалци утринава во 5 и 15 часот заминал од Гевгелија за Табановце, информираат од Железничката станица во Гевгелија.

Оттаму посочуваат дека за денеска се најавени повеќе вонредни возови за транспорт на бегалци, а патниците од меѓународниот воз од кој сообраќа од Белград до Солун утрово со автобус се упатија кон Грција.

Во текот на вчерашниот ден пет композииции со бегалци ја напуштија железничката станица во Гевгелија од нив три на редовна линија, а два вонредни и се упатија кон Табановце.

Како што инофмрираат од Железничката станица во Гевгелија композициите се со капацитет од 200 до 700 лица.

Утрово во 10 часот имаше воз за Табановце.

На железничката станица во гевгелија има околу 200 до 300 бегалци. Бегалците кои доаѓаат најчесто се од Сирија, Авганистан, Ирак, пакистан, Сомалија, Палестина, Конго, Бангладеж, Нигерија, Камерун, Еритреја, Етиопија. До вчера на вкупно 41.595 странски државјани им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.