(ВИДЕО) Илузионист предизвика одушевување на социјалните мрежи

0
372

Оптичките илузии се едни од омилените работи со кои се забавуваат корисниците на социјалните мрежи, а сега на интернет се појави видео, кое според многумина, е едно од најинтересните досега.

Наизглед едноставно видео прикажува момче кое си додава топка самиот на себе и тоа преку огледало. Видеото го сними Кевин Пери и тоа со светлосна брзина се прошири низ социјалните мрежи каде го видоа милиони луѓе, меѓу кои, секако, многумина развија свои теории како е се тоа изведено.

Според некои, воопшто нема огледало, но други тврдат дека станува збор за манипулација со камера. И покрај ова, сите се согласуваат дека ефектот е многу импресивен.