(ВИДЕО) Илија Јованоски : Ставаме крај на хилтата на Марјан Ристески и неговата КРИМИНАЛНА БАНДА, во Прилеп ќе има живот за сите

0
2257

Почитувани сограѓани,

Драги прилепчани,

Целиот мој живот му го посветив на Прилеп и Вам, граѓаните од Прилеп.

Мој предизвик, но истовремено и моја обврска, е Прилепда биде местоза достоинствен живот за сите.

Затоа, ставаме крај на криминалното владеењена ВМРО-ДПМНЕ, на Марјан Ристески, на Никола Груевски и нивната криминална тајфа.

Изминативе три месеци во Македонија, Владата на СДСМ ја врати слободата и демократијата. Сите процеси тргнаа напред. Сигурно чекориме по патот на економската консолидација и обезбедување пристоен живот за сите!

Граѓаните на општина Прилеп даваат масовна поддршка на политиките „За живот во Македонија“. Сега, на овие избори го враќаме животот и на локално ниво.

Градиме инфраструктура по план, одговорно, квалитетно и домаќински. Патишта, улици, канализации за сите.

Обезбедуваме повеќе пари за општините, а со тоа и повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин на Прилеп.

Со мене како градоначалник на Прилеп, со целосна поддршка на советниците од коалицијата на СДСМ, а особено со Ваша поддршка, Прилеп ќе биде современа, функционална, достапна и услужна општина за сите.

Гасифицирана општина!Тоа значи, намалени трошоци и за домаќинствата и за компаниите. Дополнителен ефект ќе биде чистаживотна средина, наместо загаден воздух!

Веднаш ќе ги намалиме сметките за вода,за 20 отсто!

Две нови детски градинки, што значи соодветно згрижување на секое дете, а не како досега, гарантирано место со партиска книшка!

Освен покачувањето на пензиите од 2160 денари годишно, воведуваме бесплатен јавен превоз за сите пензионери, секој работен ден од 09 – 11 часот!

Младите луѓе не се само наша иднина, туку и наша сегашност. Да им помогнеме да се вградат во нашата општина.

Очекувајте ме, во вашиот дом, со мојатапрограма „Живот во Прилеп за сите“,

Јас сум Илија Јованоски, и во Прилеп ќе има живот за сите!