(ВИДЕО) Илија Јованоски со порака до прилепчани : Победија сите граѓани на Општина Прилеп

0
480

Почитувани мои сограѓани,

Ви благодариме за вашата одважност на вчерашниот најважен ден за демократијата во Република Македонија.

Ви ја честитам победата, Вам на сите граѓани на општина Прилеп. Победивте вие, граѓаните на Прилеп.

15 октомври е празник за демократијата и пример за мирно, слободно и достоинствено изразување на правото на глас на секој граѓанин на државата.

Вака изгледа Прилеп и цела Македонија кога се гласа без притисоци, слободно и демократски.

Заедно ја заокруживме демократската промена во Прилеп.

Како градоначалник на Прилеп, заедно со вас сега ја започнуваме битката за враќање на демократијата во институциите, за економски развој, за нови работни места, за враќање на младите од странство, за подобри услови за живот во градот и сите населени места!

Започнуваме со работа за сите ветени проекти.

Заедно на Граѓанскиот парламент што ќе го формираме заедно, ќе ги дефинираме приоритетите.

Почитувани мои прилепчани,

Македонци, Роми, Срби, Бошњаци, Албанци, Турци, Власи … завршија делбите и поделбите, заврши дискриминацијата.

Од денеска сите сме исти пред законот, со исти права и одговорности.

Ќе работиме заедно на подобра иднина, за развој на Прилеп, до остварување на заложбите, за живот во Прилеп за сите, во граѓанско општество, што веќе почнува да чекори кон европските перспективи и сигурна иднина во евроатланските интеграции.

Ви благодарам!

СПОДЕЛИ