(ВИДЕО) Илија Јованоски : Обезбедуваме енергетско ефикасни фасади за граѓаните

0
1691

Стоиме пред оваа зграда во населбата „Точила“ и како што може да забележите, објектот е со руинирана фасада. Оваа слика на станбени објекти, чии фасади се распаѓаат не е реткост во Прилеп. Но, моите сограѓани немаат финансиска можност, да го решат овој проблем сами.

Затоа, во мојата програма предвидувам мерки и планови за урбан град и за урбанизација на населените места.

Во соработка со Европската банка за обнова и развој и со средства од ИПА фондовите на Европската Унија, како и други донатори, ќе ја заокружиме финансиската конструкција и ќе инвестираме во енергетска ефикасност на приватните колективни објекти, на индивидуалните станбени објекти во Прилеп и околните населени места.

Индустриските објекти, како и бјектите коишто се во надлежност на локалната и централната власт, ќе имаат можност да добијат енергетски ефикасни фасади и квалитетно и ефикасно осветлување.

Сите училишта и градинки во општината ќе добијат енергетско-ефикасни фасади и покривни решенија. Ќе се изврши и замена на осветлувањето со енергетско-ефикасно осветлување со користење на ЛЕД диодни светилки.

Јавното осветлување во градот ќе биде изведено со фото-волтаични системи и ЛЕД диоди и со сензори за синхронизација со дневната светлина. Ќе имаме светли улици, светол град.

Паралелно ќе ги намалиме трошоците на граѓаните за електрична енергија и светилки.

Во пакет со гасификацијата, ќе воведеме и централно греење. Оваа мерка значително ќе влијае врз намалување на трошоците за енергија, но ќе спречи и загадувањето на градот.

Почитувани сограѓани, сите овие проекти, ќе бидат реализирани не со ваши пари, не со пари од општинскиот буџет, туку исклучиво со мои заложби и со заложби на новиот состав на Советот, од странските фондови и донатори.

Ние обезбедуваме квалитетни услови за живот за сите Вас.

Затоа, на 15 октомври, заокружете го бројот 19, за да има живот во Прилеп, за сите!