(ВИДЕО) ЗЕЌИРИ И СДСМ ЌЕ ГО ТУЖАТ КОДОШОТ ОД КИЧЕО, АНТОЊО МИЛОШОВСКИ ЗА ОДДАВАЊЕ НА ДРЖАВНА ТАЈНА СО ШТО МУ СЕ ЗАКАНУВА ОД ЕДНА ДО ПЕТ ГОДИНИ ВО ШУТКА!!! АНТОЊО ИЗНЕЛ ДЕТАЛИ ОД ЛИДЕРСКА СРЕДБА КОИ ВАЖАТ ЗА ДРЖАВНА ТАЈНА!!!

0
618

Прес конференција,
Мухамед Зекири, потпретседател и пратеник од СДСМ
Скопје, 25.07.2018

Скандалозниот настап на пратеникот Антонио Милошоски на Комисијата за надворешни работи и однесувањето на претседателот Ѓорге Иванов е директно на штета на интересите на државата и на нејзините граѓани.

Милошоски, со тоа што изнесе детали од Извештај од лидерска средба, кој го добил од Кабинетот на претседателот, а кој е класифициран како државна тајна, директно го прекрши членот 317 од Кривичниот законик.

Милошоски бил предупреден и од претседателот на Собранието Талат Џафери дека станува збор за државна тајна, која не смее да биде јавно споделена.

Јавноста треба да знае дека Милошоски од 2015 година не поседува безбедносен сертификат за државна тајна, поради што не може и не смее да има пристап до такви информации. Поради тоа Милошоски немал право да го бара тој извештај, а Кабинетот на претседателот не смее да го даде Извештајот на пратеник кој што нема безбедносен сертификат.

Од тие причини, против Милошоски и против тој што му го доставил документот ќе поднесеме кривична пријава за оддавање државна тајна, врз основа на член 317 од Кривичниот законик.

Член 317 од Кривичниот законик е дециден и јасен:

(1)Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или стори достапна државна тајна што му е доверена, ќе се казни со затвор од една до десет години.

(2)Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе му соопшти, предаде или стори достапни податоци или документи за кои знае дека се државна тајна, а до кои дошол на противправен начин, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Морам да напоменам дека од осамостојувањето на Република Македонија до денес не се случило вакво неодговорно однесување и флагрантно кршење на законите од страна на избрани функционери, посебно од страна на претседател на држава и претставник на политичка партија.