(ВИДЕО) ЗАПРАШАН ОД НОВИНАРОТ НА СИТЕЛ, КАКО ИЗБЕГАЛ, ГРУЈО ОДГОВОРИ: ПА МНОГУ ЕДНОСТАВНО!

0
510

Осудениот поранешен премиер на Република Македонија, Никола Груевски, во интервју за ТВ Сител изјави дека од Македонија си заминал многу едноставно.

-Од Македонија заминав многу едноставно, заминав во Албанија, се пријавив во Унгарската амбасада во Албанија, и од таму дојдов во Унгарија – рече Груевски одговарајќи на прашањето „како избегавте од Македонија“.

Запрашан од новинарката, дали власта му помогнала при бегството, тој со насмевка вели дека власта не му помогнала, и дека кога би можела би му направила нешто друго, а не да му помага.