(Видео) Заплови најголемиот крузер во светот

0
527
Harmony of the Seas Rendering 3.jpg
“Harmony of the Seas” е најголемиот крузер на светот, а само за пробната пловидба на него влегле 500 членови на екипажот.

Најголемиот крузер на светот, околу 50 метри подолг од Ајфеловата кула, во четвртокот тргнал на своето прво пробно патување од пристаништето Сент Назаир на западот на Франција.

Бродот, чија изградба чинела речиси 800 милиони фунти, и кој тежи 227.000 тони, е речиси 100 метри подолг од Титаник. Иако патува без патници, на бродот има 500 членови на екипажот, кои ќе пловат до недела.

Откако се оддалечил неколку километри од брегот, бродот со капацитет од 6.000 патници се гледал од брегот на кој се собрале илјадници луѓе. Со месеци на туристите им било дозволено да влегуваат на бродот и да уживаат во луксузниот ентериер.

najgolem brod

Инаку, кога ќе биде целосно оперативен, бродот ќе има 2.000 членови на екипажот.

Идната пробна пловидба е закажана за крајот на април. Целта на овие пловидби е да се тестира моторот и да се види колку добро маневрира. Доколку пловидбите бидат успешни, бродот во мај ќе тргне кон Саутемптон, а потоа во склоп на своето прво крстарење и кон Барселона, пишува Daily mail.