(ВИДЕО) Заев : Успесите во реформите и решавањето на отворените прашања со соседите, ни даваат кредибилитет да бидеме успешни и во пристапниот процес

0
99

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска, во рамки на еднодневната посета во Прага, Република Чешка, учествуваше на „Самитот на премиерите на државите од Вишеградската Група и на премиерите на државите партнери од Западен Балкан“.

Во своето излагање, премиерот Заев изрази голема благодарност до домаќинот, премиерот на Република Чешка, Андреј Бабиш за организирање на Самитот во овој формат за првпат, и рече дека овој Самит означува вистинска заложба за поблиска и искрена соработка помеѓу државите на Вишеградската Група и државите на Западен Балкан.

„Земјите на Вишеградската Група отсекогаш биле силен и гласен поддржувач на државите на регионот на Западен Балкан во нивните процеси и заложби за интеграцијата во ЕУ, и подготвени да ги споделат своите искуства од евроинтеграциските процеси, но и да ја зголемат економската соработка со нашата земја и нашиот регион“, истакна премиерот Заев на Самитот.