(ВИДЕО) Заев: Управувањето со Буџетот ќе биде исклучиво во интерес на домашната економија

0
111

Обраќање

Зоран Заев претседател на СДСМ

Скопје 09.11.2016

Добровечер на сите, ви благодарам што се одзвавте. Имаме една идеја, се работи за создавање на едно тело кое што решивме прво да го споделиме со вас, дали би прифатиле учество во него. Овде се присутни доста вредни луѓе во ова наше општество, луѓе кои пред се ја познаваат економската состојба во државата. Еден дел вредни практичари, еден дел искусни луѓе кои поминале многу значајни периоди од оваа неаша земја, пред се на економски, но и на социјален план. Целта е да создадеме еден економско-социјален совет и секако доколку постои согласност од сите нас, да објавиме дека тој ќе биде идниот економско-социјален совет кој ќе биде консултативното тело на ниво на влада. Имаме сериозна намера да се зафатиме со две значајни проблематики. Многу често вие сте дебатирале на темите економија и социјала, во ова време невреме каде што буквално се урнисани сите вредности.

Параметрите се алармантни и кажуваат дека ќе биде своевиден пекол справувањето со овие два значајни сегменти од секојдневниот живот и јас заедно со мојот кабинет сме убедени дека ни треба секоја можна памет во нашето општество за да може да се нафатиме и полека да ги вратиме работите во нормала а потоа да ги ставиме на вистински пат како секоја нормална земја, но и овие социјално економски апсекти да се движат како во секоја друга нормална земја. Јас сум човек економист, денес меѓу нас се и неколку наши претседатели на комисии во партијата. Со нашата досегашна работа сфативме дека колку и да имаме животно искуство и колку и да имаме учено и простудирано еден мал милион детали за оваа наша економија, ни треба секој можна помош која што може да ни биде понудена од општеството и од вредни луѓе меѓу кои сте секако и вие.785489480934-670x446

Јас со скоро сите од вас се познавам и лично, еден дел имате пренесено впечатоци од мои блиски соработници со кои што имате работено. Верувам дека навистина ќе можеме да сработиме нешто со кое што сигурен сум, сите ќе можеме да се гордееме. Конечната цел, моја лична и на мојот економскот тим во партијата е да ги редизајнираме економските структури кои ги имаме во Македонија гледано од буџетски аспект, гледано од севкупната потрошувачка, заради тоа што јавна тајна е дека Македонија понатаму не може вака да се одржи.

656545434343-670x437

Тоа нема да биде лесно посебно кога сме во период на голема невработеност, период кога нашиот буџет помеѓу една третина и една четвртина се финансира од приходи преку задолжувања. Кога огромен број на пари од државата отидоа во непродуктивни трошоци, а процентите на задолженост на нашата економија и на нашата држава се над оној психолошки плафон и сето тоа кога ќе го ставите на куп е прилично застрашувачки. Така што денеска сакаме да направиме едно конституирање на еден совет кој што ќе биде на помош пред се на Република Македонија, а секако своите сограѓани, мислам на вас кои имате драгоцено искуство ќе дадете придонес за да може полека да ги вратиме сите оние економски вредности и Македонија на економски план да почне да се движи онаму каде што треба.

Јас сум можеби првиот политичар кој е лидер на поголемите партии а кој доаѓа од деловниот сектор. Верувам дека искуството кое го носам со мене од бизнис секторот може многу да помогне во делот на разбирање на сите овие паметни сугестии кои што треба да дојдат до мене во периодот кој претстои. Јас сум градоначалник и водам и буџет и општина долги години, 11 и пол години. Успеавме со нашето економско искуство општина Струмица да остане единствена општина во Македонија која нема ниту еден денар кредит, а сепак да имаме преку 68 проценти капитални инвестиции од севкупниот буџет на општината. Тоа само по себе кај мене негува една верба дека може да се рекомпинираат сите сегменти на буџетското управување во државата, а тоа секако да биде исклучиво во интерес на нашата економија.

Телото е замислено да биде интелектуално, непартиско и нестручно иако дел од претседателите на комисиите се и членови на партијата, но генерално целиот негов состав барем во огромно мнозинство не се членови на нашата партија, еден дел од луѓето којшто се поканети да учествуваат во овој состав се извинија, затоа што кој е на пат во странство, кој во моментов не е присутен, но верувам дека веќе на наредниот состанок ќе биде присутен. Јас сакам секако доколку се согласиме сите да конституриаме денеска овој совет, да ми предложите слободно и некој други луѓе којшто вие мислите дека ќе ни бидат од помош, заради тоа што мислам дека ќе имаме сериозна задача и обврска пред нас, а преку ваквиот економски совет мислам дека ќе зависи во каков правец навистина ќе тргнат сите економски текови во државата.

Пред да отворам дискусија овде за прифатливоста или не, сакам да го конституираме ова тело да кажам дека како политичар сум свесен за периодот пред којшто сме исправени. Јас велам еве и граѓаните ако одлучат да дадат поддржка на промените во Македонија и да се после десет години, овој според нас таканаречен режим, како опозиција конечно падне, и добијат сили демократските сили во државата, ние ги проткаивме веќе и преку пратенички листи, многу независни кандидати, поединици од ова наше општество. Знам дека после победата следува нов пекол, голем дел од вас тоа го имаат зборувано и јавно, самото тоа секако е застрашувачки, но ние немаме ниту друга земја, ниту друг народ, треба да се зафатиме овде и да навистина ги искористиме сите свој капацитети. Со некој од присутните како што реков имам директно соработувано, со некој индирекно соработувано мене ќе ми биде задоволство ако сите навистина ја прифатите оваа покана и заедно се впрегнеме, храбро како што сте занеле и досега во вашиот живот да се зафатиме и да направиме нешто убаво за нашата Македонија.

Благодарам, еве за почеток јас ќе отворам дискусија пред се овде, заедно, ќе им се заблагодарам на медиумите којшто се присутни денеска поради тоа што ова беше можноста да се афирмираме и анимираме, но пред се сеакако да сработиме нешто да ставиме една агенда пред нас којшто ќе ни биде составен дел од нашата работа .