(ВИДЕО) Заев: Судот нема сертификат за класифицирани информации, ова може да го има само во Северна Кореја

0
77

Судот не ги доставува доказите за случајот „Пуч“ на Специјалното јавно обвинителство, поради што обвинителството побара ново одложување на судењето.

– Под изговор на класифицирани информации, судот кој што не поседува сертификат за класифицирани информации и не го доставува предметот до Специјалното јавно обвинителство, кое што поседува сертификат за класифицирани информации. Ова го нема никаде во светот, освен најверојатно во Северна Кореја, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој што е четврто обвинет во случајот.

Според Заев, никаде во светот не постои суд кој избегнува, одолговлекува и не сака да утврди правда. Тој вели дека тоа е причина што Прибе сугерира на поглавјата 23 и 24 реформи во правосудството.

– Тоа значи само едно, одолговлекување до бесвест за да може Заев, Верушевски и другите да ги сликаат пред суд борејќи се за правда во пресред на изборите. Никаде во светот не постои суд кој не сака да утврди правда, рече Заев..

Според него, сведокот кој избегнува да се појави пред судот е единствен и тој се вика Никола Груевски.