(Видео) Заев : Со наредните бомби ќе се дознае кој прислушувал!

0
349

IMG_2061 (1)

П1: Господине Заев, сакам да ве прашам, малку надвор од ова што денеска го слушнавме. Пред неколку дена добивте писмо од албанските интелектуалци коишто укажуваат некоја  загриженост за тоа дека и кај албанските граѓани веќе има впечаток и грижи, така да кажам, албанските партии што се во Македонија, бидејќи досега немате објавен факт што докажува дека и тие се вмешани во овој криминал или во овие криминални дела, како што вие вeлите. И второ прашање, дали директно имате факти дека во државава има нарачани убиства, како што е петкратното убиство во Смиљковци и убиството на Харун Алиу?

Мора да бидете трпеливи за да може целата вистина, чекор по чекор, на внимателен начин, од причини коишто претходно ги кажував, да биде соопштена на нашата јавност. Само ќе додадам. Со вакви луѓе кои вака ја водат државата, со целото ова прислушување, свесен сум дека, ако нешто јас и опозицијата скриеме, тоа го имаат Сашо Мијалков и Никола Груевски. Ќе го свртат врз нашиот грб. Тоа е причина и потврда да докажеме дека ништо нема да скриеме. Ќе ве цитирам, како што го поставивте прашањето и така ќе одговорам. Дали имаме конкретни докази за нарачано убиство? Не. Но, има докази за предмети коишто се од сферата на Вашиот интерес.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=oR2GA8NpC0g[/youtube]

П2: Господине Заев, Груевски рече дека оставка нема да поднесе, но исто така, рече и дека не прифаќа техничка влада. Каква разврска е можна на политичката  криза? 

Само ќе кажам дека оваа политичка криза, е најверојатно најголемата политичка криза, од самостојноста на Македонија до денес. Секојдневно Никола Груевски сé подлабоко ја внесува Македонија во оваа политичка криза. Јас само се надевам дека нема во план да направи некоја беља во Македонија. Тоа нема да му го дозволиме ниту јас, ниту граѓаните во оваа наша земја. Истовремено, решенијата ќе дојдат на повидок. Верувајте и дека ќе ги испорачаме. Важно е дека мора да има политичка разрешница. Правна разрешница од ова ниту ќе има, ниту очекуваме. Трпеливо, со доволно време, целата вистина да ја соопштиме на македонската јавност, а консеквентно на тоа, ќе дојдат на повидок и политичките решенија за нашата земја.

П3: Рековте дека на Груевски нема да му дозволите да направи беља. На каква беља мислите? 

Се надевам дека нема да му падне на памет да прави немири или слични работи, заради тоа што, гледам во соопштението кое што го лиферуваа од одржан Централен комитет, дека повикува на борба, на битка. Се поправи на политичка битка. Но, тој знаел во минатото да прави многу слични вакви повици. Сега, царот е гол. Дали ќе и олесни на Македонија, брзо ќе ги влече потезите, во прилог на добрата иднина на Македонија, или не, јасно е. Крајот на овој режим и диктатура доаѓа во Република Македонија. 

П4: Кажавте дека имате двајца сведоци во странство, кои се вашите барања за они да дојдат да сведочат во Македонија? 

Во нормална земја, со нормален правосуден систем растоварен од пипците на контрола на извршната власт, тогаш  може да очекуваме правда. Не само за сведоците за процесот Пуч или за кој било. Правда во 21 век, да биде дискутабилно дали ќе ја добиете или не, а се случува во нашата Македонија, ќе реагираме или нема да реагираме? Кога ќе има нормален правосуден систем тогаш комплетно целата вистина во врска со тоа кој прислушувал а кој не, ќе биде обелоденето. Но впрочем како не следите внимателно, ќе видите, кога го носеле Законот за следење на комуникациите, како паралелно преку телефон штителе станици за прислушување и она кое што им е толку драгоцено и истовремено во разговорите нивни коишто ќе следуваат, ќе видите како зборуваат така со леснотија дај ми го телефонот, јас ќе го проверам тој и тој, кој било граѓанин, само внимателно следете `не, `се што се уште претставува нерасчистена до крај нејаснотија, ќе ви биде расчистена. Мора да бидеме трпеливи, внимателни. Овој процес мора да донесе ветар во грб за нашата Македонија, мора да ја води напред, мора да ги реши проблемите со констатација никогаш повеќе да не се повторат, но истовремено да и даде шанса, шанса силна оваа наша земја, она што го заслужува и да го добие, и државата и граѓаните кои живеат во Македонија.

П5: Господине Заев веќе објавивме дека Верушевски имаше соочување со обвинител и со судија на претходна постапка. Ме интересира затоа што таму правни застапници се дел од вашите адвокати, што ви пренесоа, што е тоа што го врзува Верушевски со странска служба или невидливо комбе и што е тоа што Верушевски го поврзува со вас? 

Еве вака. Не е во ред ја да кажам нешто околу странски служби и невидливо комбе затоа што два – три дена наназад ја отворија сликата и ги тргнаа облаците за странски служби, невидливи комбиња, базни станици или како  ги нарекуваат технички опреми и слично. Од адвокатите сум информиран дека Верушевски е викан на сослушување само за пиштолите. Воопшто ниту со него, ниту со неговата сопруга, Бранко Палифров и со мене како осомничен не е поведена истрага и не е разговарано. Се уште сме на статус како во првиот ден кога ми беше одземен пасошот, а тие беа притворени, осомничени лица. Докази ниту адвокатите мои слушнале, ниту досега сме биле повикани во истрага, за да ги разгледаме доказите или да дадеме исказ. 

П6: Читавме за одредени предлози во медиумите, предлагаат некаква независна експертска комисија којашто би ги вештачела снимките. Дали и во какви услови би прифатиле таква комисија? 

Независни експертски комисии какви што беа во минатото? Анкетни комисии? Каде што на Тито Петковски како претседател на Комисијата за следење на комуникациите којашто е единствена најверојатно комисија, којашто по Устав и закон има мнозинство од опозицијата, од тие причини коишто денес ги гледаме какви се силни, не дозволиле ниту еднаш да направи контрола? Јас само ќе кажам вака, кој тоа прислушувал во државата ќе видите како глатко пополека ќе се отвори, посветете се на суштината на разговорите, таа ја кажува вистината за Македонија, таа е толку грозна, но истовремено предизвикувајќи шок, одредена катарза. Но верувајте истата таа вистина ќе даде реални шанси за добра иднина на нашата Македонија.