(ВИДЕО) Заев : Сега е време да му се помогне на Скопје и скопјани

0
419

Градоначалникот на општина Струмица по повод настанатите поплави во Скопје и околината денес од Струмица во кратка изјава за медиумите изјави дека сега не треба да се бараат виновници и дека за тоа ќе има дополнителни анализи.

Нема ништо полошо од ваква природна катастрофа во која страдат невини луѓе. Струмица денес жали како што жалат и сите градови и општини во Македонија.
Апелирам до сите граѓани во овие тешки времиња да се воздржат од било какви препукувања, јавно жигосување и барање виновници.
Време за анализи ќе има, сега е момент да му се помогне на Скопје и скопјани.- изјави за медиумите градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.