(ВИДЕО) Заев: Нема да ме изненади да ме притворат за повторување на делото

0
219

Преодна влада без Никола Груевски во неа е единственото можно решение на утрешните преговори, порачува лидерот на социјалдемократите пред утрешното седнување на маса.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=C7e_wMV46vY[/youtube]

Заев тврди дека неговиот тим дава како што вели шанса утре да има договор, но и дециден е излезот може да биде само еден и вели тоа го знае и Груевски.

Првиот социјалдемократ со порака и до еврокомесарот Хан, по минатонеделните остри пораки – очекува фер однос и пристап во Брисел и преговори единствено за она што вели ќе биде на маса – влада што ќе ги организира изборите.

Заев вели – сепак не би бил изненаден, пред преговорите или по нив да заврши со лисици, бидејќи како што тврди според обвиниението за „Пуч“ и обвиниенијата што на негова сметка ги испорача премиерот Груевски во јануари годинава, постои можност вели да биде притворен поради повторување на делото.

Заев тврди, состојбата е отидена во апсудрд особено во македонското правосудство.

Лидерот на СДСМ вели дека му пишал писмо на обвинителот Зврлески околу пресудата на Костовски, кој се спогоди и го призна делото незаконско прислушување, да го праша каде се доказите, особено вели по признавањето на премиерот дека нема докази дека странски служби прислушувале.

Првиот социјалдемократ тврди неговата партија има подготвена стартегија за вонинституционално дејствување доколку пропаднат преговорите, но не сакаше да открие детали.

Дел од тимот на Заев се и Шеќеринска и Рената Дескоска. Според агендата, утрешниот состанок започнува со заедничка средба на лидерската четворка со еврокомесарот Хан и амбасадорскиот двоец Бејли и Орав, кои исто така ќе патуваат во Брисел, а потоа следат поединечни средби меѓу лидерите и Хан.

Неофицијално нема да биде изненадување доколку на Бриселската средба се појави и дипломатски тешкаш од типот на Питер Фејт или Ален ла Роа или Хојт Ји.

извор: 24Вести