(ВИДЕО) Заев кај Борисов: Не сакаме сценарија како во Украина

0
110

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој е во еднодневна посета на Софија се сретна со бугарскиот премиер Бојко Борисов, а на средбата присуствуваа уште и социјалистот Јанаки Стоилов и министерот за надворешни работи на Бугарија Даниел Митов.

– Начинот на излезот од кризата е согласно европската пракса. Не сакаме сценарија како во Украина и Србија, рече Заев.

zaevBTV

Тој ги запознал бугарските политичари со ситуацијата во Македонија, и изразил надеж во помош од Бугарија – како најблизок пријател и членка на Европската унија и НАТО, за да може во Македонија да се решат работите по мирен пат и да не дојде до кризи како во Украина и поранешна Југославија.

„Јас, за да нема шпекулации, сакам да кажам што сме зборувале”, истакна премиерот Борисов.

Според него, Македонија ја има поддршката на Бугарија за пристапување кон ЕУ и НАТО, но и е со став дека политичката криза во Македонија треба да биде решена по демократски пат.

– Категорично сме против секакви говори за федерализација на Македонија, рече тој.

Посакуваме власта и опозицијата да најдат заеднички јазик каков што бара и Европа, посочи Борисов и нагласи дека Бугарија не се меша во внатрешните работи на Македонија, но секако дека е проблем што има политичка криза токму на границата и кај народот кој е најблизок на Бугарија.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=j_h4TbEj_SA[/youtube]

-Пред десетина дена се слушнавме со Зоран Заев и тогаш решивме да направиме средба со него. Средбата ја направивме и со бугарската опозицијата, со социјалистите, за да покажеме дека во Бугарија не се делиме на леви и десни, кога се работи за стабилноста на една држава, изјави Бојко Борисов.

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев по средбата кажа дека местото на Македонија е во ЕУ и НАТО и дека во тек се обидите да се најде решение за кризата која влијае не само на Македонија, туку и на целиот регион.

-Имав прекрасна можност премиерот, заменик-претседателот на БСП и министерот за надворешни работи да ме удостојат со една средба, за да можеме како земја во политичка криза да ја информираме Бугарија – голем пријател на Македонија, за начините на решавање на кризата, за можностите по мирен пат да најдеме решение на кризата и да се заблагодарам на претставниците на Бугарија, претежно на премиерот, но и на сите во европските институции кои вложуваат максимални напори преку дијалог да се најде решение за проблемите во Македонија, истакна Заев.

Заев ги информирал домаќините за развојот на кризата во Македонија и начините на кои таа единствено може да се реши.