(ВИДЕО) ЗАЕВ Е НЕУМОРЕН, ГО ИМА СЕКАДЕ ПО ДРЖАВАТА ВО ЕДЕН ДЕН, ДЕНЕС ГО ПОСЕТИ АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ СТОБИ

0
1554

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со  министерот за култура Хусни Исмаили и директорката на Управата за културно наследство Елеонора Петрова, денеска, го посетија археолошкиот локалитет Стоби, каде што неодамна беше откриена ретка мермерна скулптура  на Дионис, богот на виното, на плодноста и заштитник на театарот, претставен со пантер и винова лоза, која веројатно е изработена во 3 век.

Потенцирајќи дека и покрај сто години археолошки истражувања на локалитетот, Стоби сè уште не престанува да изненадува и воодушевува, премиерот Заев го истакна исклучителното најново откритие на скулптурата на Дионис, откриена од учесниците во школата за археологија, заедно со археолозите од земјата и вработените во Стоби.