(ВИДЕО) Заев до лицата со посебни потреби: Ќе го добиете заслуженото место во општеството

0
77

Како долгогодишни и верни пријатели, градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и лицата со телесен инвалидитет од цела Македонија, синоќа се дружеа на традиционалната манифестација „Тортијада“ и на „Музичките средби“ кои што се одржа во хотелот „Цар Самуил“ во Банско. На манифестацијата која што ја организира здружението „Мобилност“, лицата со телесен инвалидитет ги презентираат своите слаткарски вештини и музичкиот талент.

14711658_1098440103542752_6909309183052311042_o

Како долгогодишни и верни пријатели, градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и лицата со телесен инвалидитет од цела Македонија, синоќа се дружеа на традиционалната манифестација „Тортијада“ и на „Музичките средби“ кои што се одржа во хотелот „Цар Самуил“ во Банско. На манифестацијата која што ја организира здружението „Мобилност“, лицата со телесен инвалидитет ги презентираат своите слаткарски вештини и музичкиот талент.

14712546_1098441390209290_2126770400709147758_o

– Со огромно задоволство, повеќе од една деценија, присутен сум и на „Тортијадата“ и на „Музичките средби“ на лицата со телесен инвалидитет, и секое мое присуство овде, било и ќе остане празник за окото, увото и душата. Така е и овој пат. Сиве овие години заедничко дружење, придонесоа да ве имам за пријатели, и се надевам, да ме имате за пријател.

Дури и најнабиената агенда, не можеше да ме спречи, денес повторно да бидам меѓу Вас, за што многу се радувам. Искрено се надевам дека и оваа 19-та по ред „Тортијада“ и 22-те „Музички средби“ на лицата со телесен инвалидитет, ќе го оправдат својот „рејтинг“, стекнат во годините наназад, а сите учесници, без разлика од кој дел на Македонија доаѓаат, ќе докажат по кој знае кој пат, дека не се лица со посебни потреби, туку лица со посебни способности. Случајот сакаше, по неколку години, овие две манифестации повторно да се одржат во иста вечер.

СПОДЕЛИ