(ВИДЕО) Заев: Доколку на државата и беше најважен граѓанинот и ако социјалната помош беше повисока за 60 проценти денеска немаше да се зборува за глад туку за поквалитетен живот!

0
252

Доколку на државата и беше најважен граѓанинот и ако социјалната помош беше повисока за 60 проценти денеска немаше да се зброува за глад туку за поквалитетен живот, изјави лидерот на СДСМ и градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев на одбележувањето на меѓународниот ден на храната.

– Со тоа луѓето наместо да преживуваат со 2.500 денари, чекор по чекор би се извлекувале од сиромаштија. Да, и тие тогаш би можеле сами да си купат храна. И кога би имало законски утврден минимален приход за секој човек, никој не би бил гладен. И кога државата би вовела социјална дебитна картичка, никој во ниеден момент не би останал гладен. Ако родителите со минимални приходи би можеле да го згрижат своето дете во градинка, бидејки ќе плаќаат минимално за услугата, нели би биле поспокојни? Ако самохраните родители со мининални приходи бидат целосно ослободени од комуналии, нели би можеле полесно да ги прехранат своите деца? – рече Заев.

Заев, денеска, денеска им врачи пакети со прехранбени производи на сто социјално ранливи семејства од Струмица.

– 100 социјално ранливи семејства од општина Струмица денеска, веројатно и во наредните неколку денови, нема да бидат гладни, бидејки ќе добијат пакети со прехрамбени производи, преку хуманиот проект Банка за храна на Организацијата на жени на општина Струмица, што веќе 5-та година го поддржува општина Струмица. Но, додека доаѓав овде да го одбележиме овој солидарен, човечки, доблесен настан, прв од ваков вид во нашата држава, што се организира веќе 5-та година по ред, размислував: А што ќе јадат денеска 180-те илјади луѓе низ Македонија кои живеат со по 40 денари на ден? Денешниот светски ден на борба против гладта е секојдневна борба со глад на над 500.000 граѓани низ Македонија кои живеат под прагот на сиромаштија, меѓу нив и деца – рече Заев.

Банка за храна на општина Струмица, како што информира Заев, досега споделила 18 тони храна.

Денот на храна во Струмица се одбележува петта година по ред а организатор е Организацијата на жени и Банката за храна помогнати од општина Струмица и компаниите од оваа општина.