(ВИДЕО) Заев: Демократските процеси во Парламентот мора да продолжат, до мандат и нова Влада!

0
417

Одговори на новинарски прашања,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 22.03.2017

Медиуми: Господине Заев, Антонијо Милошоски синоќа ги повтори нивните два услова за излез од кризата. Што мислите за тоа?

Заев: Јас само ќе ги повторам моите коментари, еве нека цени и јавноста за логичноста. Тие знаат дека ако одат на избори дека ќе изгубат, бидејќи никој не може да го толерира ваквото дрско и безобразно однесување, несакајќи едноставно да ја предадат власта. Тоа не може да го сфати ниту еден разумен човек, ниту еден демократ надвор од државата. Мнозинството во парламентот е декларирано и треба да се направи брз и демократски трансфер на власта. Ако се оди на избори тие ќе изгубат и ние би имале неколку пратеници повеќе и Ѓорге Иванов може повторно да не го даде мандатот. Теоретски, да претпоставиме, да добие Никола Груевски 62 пратеника, со која албанска партија ќе склучи коалиција? Тој имаше 62 пратеника па ДУИ пак беше во коалиција. Апсолутно, сето ова кажува дека човекот си игра со чувствата на граѓаните на Македонија и со Република Македонија. Ова не може вака. Треба да знаат дека и меѓународната заедница и нашите граѓани од нас очекуваат конкретни чекори. Еве денеска во 12 чласот има координација. Јас се надевам дека преку координацијата ќе се изнајдат решенија и согласно Деловникот да се избере претседател на Собранието, да прати допис до Иванов, да му обезбеди неопходен рок од десет дена за да го даде мандатот. Нема повеќе ни Тирански платформи, ни платформи на ДУИ на Беса, на Алијанса на СДСМ, нема ништо од тоа. Има програма на идна влада на Македонија која во својата преамбула го има зацврстувањето на унитарноста на Македонија, строго почитување на Уставот и нашите врвни приоритети, ЕУ и НАТО. Во таа програма 80% се реформи и тоа што ја очекува Македонија и тоа што од нас го очекуваат граѓаните. Но, тука е и економијата и унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани.

Медиуми: Велите дека албанските партии не би му дале поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Вие сте сигурни дека ја имате поддршката на албанските партии?

Заев: Еве вака албанските политички партии во периодот којшто претстои гледаат како се движи и довербата кај граѓаните. Ние сме политичка партија којашто има најголем процент на доверба од сите граѓани, а има и најголем процент на доверба и од Албанците во Македонија и ние се гордееме со оваа работа. Веруваме во овој концепт на едно општество за сите, тоа е иднината на Македонија. Единство значи унитарност. Како поинаку да го кажам за некој да го сфати дека само заедно сплотени можеме да ја јакнеме унитарноста на нашето општество и нашата држава, а секако тоа да ни биде една позитивна можност да одиме напред. Тоа е иднината на Македонија. Јас зборувам за идна соработка со идната опозиција. Ние мораме да соработуваме. Можеме да бидеме различни по сите аспекти, по сите политички прашања, но по прашањето од интерес на граѓаните ние мора да седиме во Парламентот, да дискутираме, да дебатираме за овие работи, да изнаоѓаме решенија затоа што граѓаните очекуваат правна држава, очекуваат државни независни институции, очекуваат независни медиуми, очекуваат процесите да се движат и ќе носат придобивки за квалитетен живот на сите граѓани и тоа е единствената иднина за Македонија. Со ваквата албанофобија којашто се шири од нивна страна, со оваа употреба на толку погрдни зборови, Македонија нема иднина. Имаме иднина само со смирен дух, со соработки, со негување на заедништво и разбирање меѓу себе и апсолутно градење подобар квалитет на живот на секој поединец, на секое семејство, на нашата земја.

Медиуми: Ништо не се смени по посетата на Хан? Каков е вашиот впечаток со неговите изјави, коментари?

Заев: И тоа како се смени. Според мене Европската Унија има свое влијание на наше барање, ние сме земја кандидат и добро е што ја посетуваат Р.Македонија. Тие се тука и даваат внимание и посветеност на процесите коишто се случуваат во Р.Македонија. Вчера уште еднаш беше испратена пораката од Комесарот и европските пратеници коишто се задолжени од Европскиот Парламент за Македонија да се придвижат демократските процеси согласно Уставот и Деловникот во Собранието. Тоа значи да се избере претседател на Собранието и да се даде мандат за избор на Влада. Оваа порака не може некој да ја занемари заради тоа што Македонија мора да се движи напред. Истовремено пораките беа брзо да се трансферира власта заради тоа што Европската Унија има убави, позитивни намери со Македонија. Комесарот соопшти дека сака да отвори поглавје.Погавја 23 и 24 поврзани со правосудството и безбедноста и тоа се поглајва кои се многу значајни за Македонија. Преку една ваква координација Македонија ќе тера со поглавјата. Тоа за нас е отворање дијалог, отворање преговори, да, тоа ќе биде претпристапен дијалог заради тоа што Грција ги блокира преговорите, но за нас тоа значи преговори. Дајте да итаме кон тој правец, да дебатираме, да ги отвориме тие дебати низ парламентот, низ пленумот, низ комисиите, да се движат работите напред. Заостанавме зад сите и ова мораме да го движиме понатаму, во правец кој ќе биде во интерес на граѓаните.

Медиуми: Ако сепак не го добиете мандатот, дали СДСМ е подготвена, дали сака и дали би излегла на нови парламентарни избори?

Заев: Да гледавме решение, ние веднаш ќе го инициравме тоа прашање. Уште еднаш потенцирам, значи, со добивање ист број мандати, со добивање на поголем број мандати или со добивање помал број мандатаи на СДСМ или обратно на ВМРО-ДПМНЕ, нема ништо да се промени. Ѓорге Иванов може повторно да не го даде мандатот. Апсолутно, да повикува некој на избори, а при тоа без да каже која е целта на тие избори, тоа е беспредметно дури и за разгледување. Јас сум разумен човек и политичар и верувам дека ако видам аргументи кои значат решение, тогаш сите опции се отворени, но изборите не се решение. Треба да се даде шанса демократските процеси да течат понатаму и да се формира Влада. Ако не може да се формира Влада, ако ние не се договориме со албанските политички партии со кои обезбедивме 67 потписи, кои уште еднаш потенцирам, не значат договор за Влада, можеби нема да се договориме, но тоа би биле други околности, но сега имаме поприлично потврдена можност дека Влада во Македонија може да се формира. Дајте да тргнеме со овие процеси и да тераме понатаму. Потсетувам, Никола Груевски владата во 2006 година ја формираше со 65 пратеници, еве овде сега има 67 потписи. Тоа дава сериозни гаранции за амбиент во кој може да се одлучува за реформите, да се унапредува квалитетот на економијата на државата и граѓаните и Макеоднија да ита напред.

Медиуми: Дали беа споменати некакви санкции од страна на ЕУ, доколку продолжи да се одолговлекува процесот?

Заев: Ќе ги прашате во Европската Унија. Јас за таа работа не би сакал да зборувам, зборувам за тоа што ние го разговараме како политичка партија.