(ВИДЕО) Заев: Да се издигнеме кон вистинските вредности

0
272

Денеска е голем ден, денес е Успение на Пресвета Богородица. Дозволете да Ви посакам Богородица да не чува и заштитува сите нас и сите наши граѓани и нашата Република Македонија, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Заев: Да се издигнеме ко…

„Навистина денот е прекрасен да се посветиме на вистинските вредности и нашите деца и семејства, на нашите роднини и пријатели, на родната грутка, на нашата земја Македонија.

И секако по овој повод и денеска да испратиме порака дека како што се воздигнала Богородица и се искачила кај своето чедо Исус Христос, така заедно сите да се воздигнеме во вредностите којшто се нашето секојдневие, а тоа е да бидеме добри луѓе, да пружиме рака, да помагаме, да се сакаме, да се почитуваме.

Навистина празникот ја испраќа таа порака како чуварот на нашето Православие и Христијанството, Богородица така и сите ние граѓани да си ги чуваме нашите граѓани и да си ја чуваме Република Македонија“, рече Заев