(ВИДЕО) Заев: Вие децата сте иднината на општина Струмица и иднината на Република Македонија

0
88

Првачињата од основните општински училишта го поздравија градоначалникот Зоран Заев, денеска, во центарот за култура „Антон Панов“ на нивниот прием во Детската организација. Заедно го споделија овој прекрасен момент упатувајќи си искрени ветувања, првачињата дека ќе бидат вредни ученици.

Заев нагласи дека дека тој и Општина Струмица како и досега вистински ќе се грижат за условите во кои ќе се одвива нивниот воспитно-образовен процес. Тој во своето обраќање потенцираше дека ќе се залага за промени во образованието кои ќе значат вистинско учење и знаење на децата, наместо трка по оценки и тестирање, тоа, рече тој, е образование кое креира знаење, љубов кон учењето, вештини и учење за животот.

– Вие децата сте нашата гордост и нашата радост. Вие децата сте иднината на општина Струмица и иднината на Република Македонија. Потрудете се да бидете добри деца и добри ученици, за да ги оправдате тие очекувања на заедницата и општеството. Вие ќе бидете идните лекари, инжинери, архитекти, професори, работници. Од Вас ќе зависи понатамошниот развој на општината и татковината. Нам возрасните, ни останува задачата да ви создадеме амбиент кој го заслужувате, за да го надградувате тоа што ќе ви го оставиме во наследство. Притоа, треба да бидете умни и мудри за да го изберете вистинскиот пат по кој ќе се движите во Вашите животи. Одредете ја Вашата цел и стремете се да стигнете на најдобар начин до неа, за да бидете горди дека сте успеале во животот. Движејќи се по тој пат, од светот на децата кон светот на возрасните, треба да знаете да извлекувте полза од своите и туѓите добри дела, но и од своите и туѓите грешки. На тој начин ќе знаете да направите разлика меѓу доброто и злото, меѓу убавото и грдото, меѓу светлината и мракот, меѓу сонот и јавето. Трудете се вашите убави соништа да ги претворите во уште поубаво јаве, за да бидете среќни, задоволни и исполнети со себе – рече градоначалникот Заев.

СПОДЕЛИ