(ВИДЕО) Ермира Мехмети за 360: На прстите од една рака можат да се избројат членовите на ДУИ кои се за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

0
542

„ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги загубија изборите. Груевски бараше 63 пратеници и не ги доби а ДУИ од 20 падна на 10 пратеници и го оствари најслабиот резултат во својата историја“, вели членот на партиското претседателство на ДУИ, Ермира Мехмети. Таа во емисијата „360 степени“ рече дека една година наназад зборувала за тоа дека ДУИ е во длабока внатрешна криза и за жал, исходот од изборите го покажал тоа.

„На овие избори се покажа дека губат партиите кои кокетираа со ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се ДУИ и ДПА, бидејќи тие повеќе се грижеа за Груевски отколку за сопствените политики и за граѓаните кои ги застапуваат“, изјави Мехмети.

Според неа, ДУИ не треба да ги трие рацете и да се раздува на понудите да стане член на Владата, туку да ја искористи шансата и од актуелната криза со која се соочува конечно да се сврти кон себе и да се реформира, затоа што има кадри кои се потрошени и потрошена политичка платформа.

Во однос на ВМРО-ДПМНЕ Мехмети оцени дека е дојден момент кога тие ќе треба малку да се одморат од власта и да замине во опозиција. Таа смета дека ниту во нејзината партија не постои расположение за продолжување на соработката со ВМРО-ДПМНР посочувајќи дека „на прстите од една рака можат да се избројат луѓето од ДУИ кои се за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ“.