(Видео) Еве зошто јадеше ќотек во Сребреница српскиот премиер Вучиќ: На интернет постои видео од него како учествувал во воените дејствија во Босна каде беа убиени и масакрирани многу цивили!

0
345

Срскиот премиер беше нападнат во Сребреница денеска и доби удар со камен по глава:

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=3eb0Lm-3vqA[/youtube]

Eве зошто му се лути Босанците меѓу другото, постои видео на интернет од негово учество во воени дејствија во Босна како младинец на радикална странка и помошник на Воислав Шешељ. На видеото се дебатира со каков топ била гаѓана од војската на Босна колоната на Шешељ низ Босна и како за малку спасиле жива глава кога гранатата за жал ги промашила (она што е особено морбидно е што на хаубата на џипот на Шешељ и Вучиќ се гледа поставен череп од мртов Босанец со шлем на УНПРОФОР):

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=–wV0iuSSAE[/youtube]

Српскиот премиер Александар Вучиќ, во пресрет на заминувањето на комеморацијата во Поточари, изјавил дека Србија јасно и недвосмислено го осудува „ужасното“ злосторство во Сребреница и дека се гади од оние кои учествувале во него, пренесуваат српските медиуми.

„Поминаа дваесет години од стравичното злосторство кое се случи во Сребреница. Не постојат зборови кои би можеле да ги изразат жалоста и тагата за настраданите, како и без огорчување кон оние кои го извршија тоа монструозно злосторство. Србија, јасно и недвосмислено го осудува тоа ужасно злосторство, се гади од оние кои учествуваа во него и ќе продолжи да ги изнесува пред лицето на правдата“, навел српскиот премиер во писмо до јавноста по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница.

Српскиот премиер истакнал дека има обврска да се поклони пред жртвите од Сребреница и дека тоа е чин со кој „земјата се определува кон иднината“.

„А таа наша заедничка иднина, никако не може да биде жртвувана поради какви и да се лични или национални себичности. Тоа не смее да се случи покрај толку многу гробови. Одлуката за тоа јас како претседател на српската влада да одам во Сребреница е многу повеќе од политика и многу повеќе од какви и да се политички игра, и од ставови и притисоци за јас да одам, но и за јас да не одам“, рекол Вучиќ.

Според него, Србија и нејзината влада, поради иднината сакаат заедно да живеат и работат со Бошњаците.

„Ние сакаме да почнеме да си веруваме едни на други. Сакам, во име на Србија и на сите нас, и тоа најискрено, да имаме иднина, и сметам дека тоа денес е и најмногу што можеме да направиме за сето несреќно минато. Мојата рака е подадена и така и ќе остане, без никаква политика и оглед на евентуална казна или награда. Тоа е мојата должност и моја света обврска и пред оние кои страдаа и пред оние кои доаѓаат на нивното места за да живеат. На едните нека им е вечна слава, а на другите вечер мир. Се помалку од тоа, би било на вреда за сите наши жртви“, се наведува во писмото на српскиот премиер.

Еве неколку изјави на Вучиќ од минатото за да видиме колку тој се гади од Ратко Младиќ и Радован Караџиќ, луѓето кои ја наредија и спроведоа акцијата за уништување на енклавата Сребреница и притоа убија 8000 луѓе!