(ВИДЕО) ЕБАТИ БАКСУЗОТ, ГРУЈО ВЕЌЕ ЗА ШТО И ДА СЕ ФАТИ НИШТО ОД ТОА НЕ БИВА: Умре кравата која стоеше позади Грујо од фармата каде Грујо држеше прес и предавање за кравја лактација

0
198

Не му е лесно на Грујо овие денови, за што и да се фати од тоа веќе ништо не бива, се руши како кула од карти! Изборите два пати од бетон му ги прават сол, наместо економски раст гувернерот и кум Ставре се борат да го спасат денарот од девалвација, се спрема поништување и на аблицијата а згора на се како капак на се сега дознаваме и дека голем дел од стадото крави пред кои држеше прес умреле од болеста која беснее овие денови во краварските фарми, дознаваме дека умрела и кравата што стоеше баш до Грујо кога овој објаснуваше за кравја лактација!