(ВИДЕО) ДОКТОРОТ СИ АСФАЛТИРА УЛИЦИ КАЈ СТИГНЕ НИЗ ЦЕЛ ПРИЛЕП И ИЧ НЕ МУ ЧУЕ : Асфалтирани пет краци на улиците „Александар Македонски“ и „Цане Кузманоски“

0
503

Општина Прилеп со забрзано темпо ја спроведува комуналната програма за
уредување на патната инфраструктура за 2019 година. Деновиве интензивно се
работеше на подобрување на патната мрежа во Урбаната заедница
„Чачорица“, каде на големо задоволство на граѓаните, беа асфалтирани пет
краци од улиците „Александар Македонски“ и „Цане Кузманоски“

“Моментално сме на едниот од трите краци, коишто се асфалтираа и сето тоа
во интерес на граѓаните. Вкупната должина на краците е 350 метри и целата
ширина којашто ја имаат е постигната во целост. Така да сега движењето по
овие три краци е многу подобро и поефективно за граѓаните. Во меѓувреме,
исто така, се асфалтираа и два краци од улицата „Цане Кузманоски“, во делот
на населбата „Чачорица“, односно на делот наспроти пиварата. Таму вкупната
должина е околу 280 метри“, изјави Благоја Богоески, задолжен за надзор врз
градежните работи.