(ВИДЕО) ГРЧКИТЕ ВМРОВЦИ КАКО И МАКЕДОНСКИТЕ ВМРОВЦИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТИ ДА ГО БРАНАТ ИМЕТО МАЌЕДОЊА

0
307

За 19:30 попладне по локално време, 18:30 по македонско, симболично во Пела, почнаа протестите за „зачувување на грчкиот карактер на Македонија“ кои се одржуваат во вкупно 24 градови, од кои во 13 организирани од “Комитетот на хеленисти на Македонија”.

На плоштадите на градови од северот до југот на Грција, веќе почнаа да се собираат луѓе да протестираат, како што велат,  против македонскиот хеленизам, а на повик на организаторите без партиски симболи, туку само со грчки знамиња.

На медиуми од Република Македонија не им е дозволено да ги следат протестите одблизу, наводно поради безбедносни причини и една новинарска екипа беше спречена да го снима централниот протест во Пела, родниот град на Александар Велики.

Меѓу граѓаните се и лидерот на грчката партија Сојуз на централисти, Василис Левендис и префектот на областа централна Македонија, Апостолос Ѕиѕикостас.

Според грчките медиуми, одѕивот на граѓаните е задоволителен, а на централните плоштади во грчките градови каде што се одржуваат протестите, на граѓаните ќе им се обратат претставници на организаторите.

И покрај тоа што, архиепископот на грчката православна црква, рече дека прашањето не може да се реши со протести, туку за тоа одговорен е да одлучи Парламентот, сепак, голем број митрополити ги поддржаа протестите.

Министерството за надворешни работи попладнево упати апел до македонските граѓани кои денес ќе патуваат или бидат во Грција, да ги избегнуваат местата на одржување на тамошните најавени протести поради, како што велат, поради можност од ескалација. Протести ќе има во 25 града во Грција.

По денешните протести низ северна Грција, протест за одбрана на името „Македонија“ ќе има и во Атина, на централниот плоштад Синтагма, на 8 јули, само неколку дена пред самитот на НАТО.

Овој протест го организира Здружението за заштита на правата на Власите кои зборуваат грчки во Македонија и Здружението за заштита на Хеленска Македонија. Двете здруженија ги повикаа граѓаните да порачаат дека не може да се преговара за грчкиот карактер на Македонија и дека „Македонија е една и единствено грчка“.

Оттаму се закануваат дека ако грчкиот Парламент го усвои договорот за решавање на името, надвор ќе бидат граѓаните со порака дека „нивното име е нивна приказна“.