(Видео) Грујо по сваровски судијките на Заев му ги загна и кучињата од Антикорупциска – Оформиле предмет и ќе го гонат Заев!

0
351

– 24Вести дојде до документи дека деновиве Комисијата оформила предмети на сопствена иницијатива и тоа врз база на информации објавени во електронските медиуми, со кои ќе испитува дали лидерот на опозицијата го прекршил законот – пренесува 24Вести.

zoki-zaev

Според Заев, ова е само уште еден од низата напади врз него за власта да го притисне да попушти во преговорите за излез од кризата. Антикорупционерите испитуваат три случаи: наводното купување и непријавување во комисијата на трикатна куќа во Неа Мудања во Грција од страна на Заев и, како што стои во документот, нему блиски лица, и два случаи на наводно земање поткуп од страна на Заев.
Иако антикорупционерите постојано ја потенцираат отвореноста кон новинарите, денеска не одговориле на прашањата на 24 Вести за овој предмет. За Заев пак и ова што го прави Антикорупциска, исто како и сите државни институции, само го потврдува она што го покажале т.н. „бомби“. Лидерот на опозицијата денеска, како што најави пред неколку дена, не се појави во судот, иако тоа како мерка за обезбедување му беше наложено како осомничен во случајот „Пуч“.
Од струмичкиот суд денеска информираа дека веќе испратиле писмена информација до Основен суд 1 во Скопје кој го води случајот против Заев, дека тој не се појавил денеска во Судот. Од скопскиот суд пак велат дека го чекаат известувањето кое би требало да стигне најрано утре, но не можат да дадат одговор дали Заев ќе биде уапсен.
Минатата недела антикорупционерите избегаа од прашањата на новинарите зошто не постапуваат по содржините на т.н. „бомби“ на опозицијата.


ANTIKORUPCISKA ZA ZAEV 06 07 by 24vesti