(ВИДЕО) Голема посетеност на втората фестивалска вечер од Пиво фест

0
315

Сите патишта за љубителите на ладното пиво, вкусната скара и убавата музика, синоќа водеа кон Прилеп. Огромен број на граѓани од сите градови на нашата земја, дојдоа во градот под Марковите кули за да бидат дел од годинешното 17-то издание на „Пиво фест 2019“. Синоќа свои настапи имаа Светлана Ражњатовиќ – Цеца, Миле Кузманоски, Ален Хасановиќ и составот Кантурови.

Забавата беше збогатена со музичката понуда од алтернативната сцена, односно Камената бина. Посетителите на годинешното издание на Пиво фест, вечерва ќе уживаат во настапите на The Hounds, Влатко Стефаноски Трио, групата Фрајле и Нокаут.